Испечати

Касато торта со кокос и ореви

Касато торта со кокос и ореви

Состојки

  • 750гр бисквити кршени
  • 400гр топло млеко
  • 1 маргарин
  • 250гр шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 3 лажици какао
  • 100гр ореви
  • 100г кокос
  • 100гр суво грозје
  • 100гр желе

Подготовка

1. Бисквитите се кршат и се потураат со топлото млеко
2. Во друг сад се меша маргаринот со шеќерот во прав, 2 жолчки и 3лажици какао.
3. На страна се матат 2 белки
4. Потоа сето заедно се меша со бисквитите и се додаваат кокосот, сувото грозје, желето и оревите.
5. Убаво соединети состојките се тураат во правоаголен калап за торта
6. Одозгора се потура со стопено чоколадо за готвење и се остава да се здрви неколку часа.
може да се додаде и изрендана кора од портокал во тестото за подобар вкус.