Крем супа од тиква
Состојки
- 600 г исчистена варена тиква
- 2 главици кромид
- 5 чешниња лук
- 100 мл неутрална млечна павлака
- 1 лажичка сол
- по потреба масло
- 1 лажичка ѓумбир во прав
- 1 литар Вода
Подготовка
1. Морковот го рендаме, а кромидот и лукот ги сецкаме , потоа заедно ги пржиме 10-тина минути.
2. Така запржени им се додава врелата вода, солта и ѓумбирот. Сето тоа се вари околу 15 минути, потоа се додава варената тиква и се вари уште 5 минути да се соедини смесата.
3. Во млаката супа додаваме павлаката и ја блендираме.
При послужување може да се додаде во супата ситно искршен двопек.