Испечати

Карамелизирани црвени јаболка

Карамелизирани црвени јаболка

Состојки

  • 6 до 8 помали јаболка и стапчиња
  • 200 мл вода
  • 280 гр шеќер
  • 1 лажица мед

Подготовка

Се мијат јаболката убаво и се бришат. Се става по едно стапче во секое јаболко.

Шербет

Се става се во помало тенџере на рингла. Се остава да вари дури да се згусне малце шербетот и да смени жолтеникава боја.

Се макат јаболката цели во шербетот и се валкат во кокос или сецкани јатки. Се остават да оладат на мрсна хартија намачкана со малце масло.