Чорба со бакалар и компир
Состојки
- 1 кг бакалар
- околу 1 кг компири
- 6 главици кромид
- 1 китка магдонос
- 100 мл маслиново масло
- 1 главица лук
- по желба сол и црн пипер
- 6 ливчиња лаворов лист
Подготовка
1. Кромидот се сецка и се пржи, потоа се додаваат исечениот бакалар и исецканите компири . Се полева со врела вода да ги покрие сите состојки.
2. По желба се додаваат сол и црн пипер, исто и лаворов лист.
3. Чорбата се вари околу еден час, потоа се додаваат исецканите лук, магдонос и маслиново масло. Чорбата се вари уште 10-тина минути.