Обланда со кикиритки - сникерс обланда
Состојки
- 3 обланда
- 14 лажици шеќер
- 5 јајца
- пола коцка маргарин
- 100 гр чоколадо
- 200-250 гр бисквити
- 150 гр печени лупени кикиритки
- 200 гр желе бонбони
Подготовка
1. Бисквитите ситно се кршат, а кикиритките и бонбоните ги сецкаме.
2. Шеќерот и јајцата ги ставаме на тих оган додека се стопи шеќерот, потоа се додаваат маргаринот, чоколадото, бисквитите, кикиритките и желе бонбоните.
3. Сето тоа се вари додека не добиеме потребната густина и после се нанесува на обландите.
Наместо кикиритките може да се става ореви, но со кикиритките добиваме вкус на чоколадото Сникерс))) (забелешката на љубителите Сникерс)))
По желба може да се додаде и суво грозје.