Испечати

Компири со павлака

Компири со павлака

Состојки

  • 5 компири
  • 3 моркови
  • 3 кромид
  • 2 пиперки
  • 200 гр павлака
  • по потреба вода
  • по потреба масло
  • по вкус сол

Подготовка

1. Компирите ги сецкаме на коцки, исто и кромидот со пиперките се сецкаат, а морковите ги рендаме.
2. Овие зеленчуци се ставаат во тавче и се додаваат маслото, солта, павлаката и водата и сето тоа заедно се промешува.
3. Така припремени се печат на 200 степени околу 30-40 минути.

Убав и вкусен прилог кон месо или риба.