Пикантен браунис (сурово, веган, посно)
Состојки
- За основата
- 2 чаши индиски ореви
- 1 чаша или 15 урми
- 1/2 чаша какао во прав
- 1/2 чаша рогач во прав
- 1 лажичка цимет
- 1/4 лажичка чили во прав
- 1 лажица ленено масло
- 1-2 лажици мед/агаве
- 1 лажичка ванила екстракт
- прстофат сол
- За чоколадниот крем
- 1/4 чаша кокосов путер
- 1/2 чаша какао
- 1/2 чаша мед/агаве
- 1 лажичка цимет
- 1/2 лажичка ѓумбир во прав
- 1/4 лажичка мелено каранфилче
- 1/4 лажичка чили во прав
- 1 лажичка сок од лимон по вкус
Подготовка
Фантастично благце, се гледа и по состојките, нели?
Ставете се на уживање откако за многу брзо време ќе го направите.
Подготовка
Во сечко или процесор се мелат оревите, па се додава какаото и рогачот. Ги додаваме и останатите состојки и продолжуваме со мелење додека се направи смесата како тесто. Ова се постигнува само со добар процесор, со сечко ако правите ќе треба да го одморате, да не прегрее, а и тешко оди. Ама и јас немам процесор па се снаоѓам, нешто мелам во нутрибулет нешто во сечко, а мешам по некојпат и со лажица.
Ја распоредуваме смесата во тава или модла.
За кремот го топиме путерот на најниска температура и ги мешаме сите состојки. Мешањето го направив во нутрибулетот, можете да го направите и во стаклен сад со жица за матење. Ја прелевате основата со чоколадниот крем и го ставате да стои во фрижидер или може и во замрзнувач.
Чашата е од 250 мл или 1 cup.