Испечати

Брз ручек од зимница

Брз ручек од зимница

Состојки

  • 500 гр. печени замрзнати пиперки
  • 500 мл. домашна домата
  • 100 гр. сирење
  • 3-4 чешни лук
  • китка магдонос
  • малку масло и сол

Подготовка

Пиперките го одмрзнуваме, ако се цели и со лушпа ги лупиме и сецкаме. Ги ставаме во тавче на масло да се пржат. Кога убаво ќе се испржат ја ставаме и доматата да се пржи заедно со нив додека да испари течноста и убаво се згусни. Кога е при крај го дадаваме лучцето ситно сецкано, магдоносот и сирењето и издробено на парчиња. Може и посно без сирење.