Шпагети со печурки (посно)
Состојки
- 500 гр шпагети
- 4 главици кромид
- 400 гр свежи печурки шампињони
- Зачини
- куркума, мешан сув зачин, сол, чили, бибер, лук во прав, оригано или по вкус
Подготовка
Шпагетите ги вариме според упатството на кесичката. За тоа време го подготвуваме сосот.
Кромидот го сечкаме ситно со нож или во сечко и го пржиме на масло. Кога ќе застакли во изгледот ги ставаме исечканите печурки и тие да се упржат. На крајот ги додаваме зачините по вкус.
Забелешка
Мојот сопруг во ваквиот сос знае и да стави една лажица брашно промешана во една шоља вода. На тој начин се поврзува сосот и станува како бешамел. Јас ги сакам без брашно, а вие направете си ги по вкус.