Праз со компир
Состојки
- 5-6 поголеми компири
- 1 праз или два помали
- 1 -2 моркова
- околу 200 гр. димена сланина или друг вид на димено сувомеснато, колбаси....
- околу 300 мл. вода
- околу 150 мл. масло
- на вкус сол, бибер, сув зачин
- 150-200 гр. кашкавал
Подготовка
- Излупете ги компирите, празот и морковот и исечете во форма како ќе одберете вие.
- Пожелно е да садот во кој ќе го спремите да е со капак. Ставете ги компирите, празот, морковот, осолете и зачинете на вкус. Додадете го и исеченото димено месо, залејте со водата и маслото, поклопете - ставете во рерна да се печи. При самиот крај извадете, додадете го кашкавалот и вратете во рерна да се стопи кашкавалот и малку заедно да се потпечи.
Овде само ќе напоменам
- Пожелно е да празот, компирот и морковот бидат сечени на поголеми парчиња
- Да внимавате при осолувањето бидејки и месото и кашкавалот се солени, да не го пресолите.