Испечати

Чоколадна галета торта (посно)

Чоколадна галета торта (посно)

Состојки

  • За галетите
  • 500 гр брашно
  • 300 мл кисела вода
  • 280 мл масло
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • малку рендана кора од 1 портокал
  • 60-70 гр сечкани лешници
  • За чоколаден прелив
  • 100 мл вода
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 50 гр какао
  • 100 гр чоколадо
  • 1/4 лажичка чили во прав

Подготовка

Најбрзинско подготвено благо ми се галетите или вафлите, ги комбинираме на сите можни начини, со слатко, мармалад, посни чоколадни филови....по можност и по вкус.

Подготовка
Сите состојки за галетите ги мешаме со миксер, а за тоа време го вклучуваме апаратот за вафли. Ставаме со лажица или кутлача и печеме 5-6 галети. Ги редиме галетите една врз друга, а врз секоја ставаме од чоколадниот прелив. Декорираме и сервираме.
За преливот ставаме водата и шеќерот да зовријат па го ставаме какаото. Мешаме кратко или додека да се згусне. Чоколадото и чилито ги ставаме на крајот, кога веќе касеролата ја тргаме од оган. Мешаме додека да се растопи чоколадото.

Забелешка
Го сакам мирисот на сода бикарбона во тестата, за оние што не го сакаат може да си ставите пециво.
Ако ви е посува смесата додадете кисела вода, зависи колку ви влажно или суво брашното.