Испечати

Енергетски плочки

Енергетски плочки

Состојки

  • 300 гр урми
  • 50 гр сусам
  • 45 гр еспандирани житни снегулки
  • 3 лажици медотаан
  • 2 лажици путер
  • 55 гр чоколадо
  • 150 гр кикири
  • 1/2 чајно лажиче ѓумбир во прав
  • на врв на лажиче мелено каранфилче

Подготовка

Ставете ги урмите во сецко и ситно исецкајте ги. Сусамот потпечете го. Медотаанот, путерот и чоколадото ставете ги на тивок оган или на водена бања да се растопат и соединат. Кикирите исто така колку можите најситно исецкајте ги во сецкото.
Во длабок сад ставете ги сувите состојки и убаво измешајте ги па потоа поврзете ги во компактна смеса со растопените состојки.
Раплескајте ја смесата во калап 22х22 и убаво израмнете ја. Почекајте да се стегни па исечете на штангли.