Испечати

Торта со дуњи

Торта со дуњи

Состојки

  • 3 дуњи
  • 8 лажици шеќер
  • 12 лажици брашно
  • 1 лажица нестквик
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици мед
  • 100 гр чоколадо за готвење

Подготовка

Дуните ги ставаме во вода малку да зовријат колку да омекнат.Потоа се лупат и се рендаат.Им се додава ванилата.Јајцата се матат со шеќерот со миксер.Се додава брашното, нестквикот и пецивото и се се меша со лажица.Се става смесата да се печи.Кога ке биде готов се остава да се излади.Потоа се сече на половина да излезат две парчиња.Врз едното се става мед и дуњите и врз него другиот дел од колачот.Одозгора се прелива со топено чоколадо и мрвици.