Домашен чоколаден прелив
Состојки
- пола шола какао
- 150мл вода
- 180гр шеќер
- пола лажица мед
- малку сол
- 1 ванила
Подготовка
Зошто да купувате чоколаден прелив од продавница, кога можете да си направите домашен за 5мин, а е повкусен од купениот.
Се стават во тенџере водата и шеќерот, се додава пресеаното какао, медот и солта. Се меша убаво да се добие мазна смеса. Мешајки постојано треба да врие 1-2 минути. Се трга настрана и се додава ванила екстракт.