Печени костени прелиени со мед и лешници
Состојки
- 500 гр костени
- 5 лажици мед
- 200 гр лешници
Подготовка
Костените се засекуваат на средината, се варат 5 минути, а потоа се ставаат во тава за печење и се печат 20-25 минути на 200 степени.
Откако ќе се испечат се покриваат со крпа и се оставаат да отстојат 15 минути. Потоа се многу лесни за лупење.
На крај се преливаат со медот и се наросуваат со кршените лешници.