Чоколадни колачиња со брусница (посно)
Состојки
- 200 гр шеќер
- 100 мл вода
- 120 гр маргарин
- 200 гр посно црно чоколадо
- 200 гр мелени бисквити (посни)
- 100 гр ситно кршени бисквити
- 50 гр мелени ореви
- 120 гр брусници
- 80 гр крупно сечкани ореви
- за глазура
- 100 гр посно црно чоколадо
- 2 лажици масло
Подготовка
Посни, вкусни и пред се чоколадни...
Водата и шеќерот ставете ги да зовријат. Откако ќе зовријат додадете ги маргаринот и искршената чоколада. Тргнете ги од оган и мешајте додека не се растопат. Веднаш додадете ги другите состојки и промешајте.
Додека смесата е уште топла, ставете ја во калап обложен со најлонска фолија.
Ставете го калапот во фрижидер за да се стегни смесата, потоа извадете го колачот и чоколадирајте.