Испечати

Колач Јужна убавина

Колач Јужна убавина

Состојки

  • Тесто
  • 5 јајца
  • 180 гр шеќер
  • 325 гр брашно
  • 125 гр путер
  • 100 гр чоколадо
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 пакетче пециво
  • 0.5 лажичка црвена лута мелена пиперка
  • Шербет
  • 500 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • 1 портокал
  • Какао прелив
  • 125гр путер
  • 200 мл вода
  • 100 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици густин
  • 4 лажици какао

Подготовка

Во оваа рецепта веднаш се вљубив. Нежен и вкусен колач со чоколадо и малку лутенка кој се топи во устата. Колачот е прелиен со шербет од портокали и покриен со какао прелив и го прави колачот невообичаен и перфектен по вкус!)

1. Тесто. Путерот, шеќерот, ванилинот ги матиме со миксер додека не се соединат. Ги додаваме јајцата и повторно матиме. Во смесата ги додаваме брашното, пецивото, пиперката и крупно изренданото чоколадо и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезна тава бр. 26 претходно намачкана со масло и набрашнета. Печеме 30 - 40 минути на 200 степени.
2. Шербет. Водата со шеќерот се зоврива и се додава сокот од портокал. Со зовриениот врел шербет го преливаме изладениот пандишпан. Оставаме да го впие шербетот и да се излади.
3. Прелив. Сите состојките за какао преливот ги промешуваме со жица и ставаме да се зоврие. Откако преливот ќе ја добие потребната густина го нанесуваме врз колачот во тавата. Оставаме да се излади и да се стегне.

Колачот може да се посипува одозгора со цимет или со ситно изрендано чоколадо.