Ослич со сос од павлака
Состојки
- 1кг ослич
- 1 гранче свеж рузмарин(2лажици)
- 2 лимони
- 1 лажица сол
- сос
- 1 китка магдонос
- 400гр павлака кисела
- 1 лимон
- 1 лажичка сол
- 1-2 лажици масло
- 200гр пченкарно брашно
Подготовка
Осличот се чисти убаво и се сече на парчиња. Се става во подлабок сад, се посолува и се цеди сок од лимоните и заедно со се кората се става во садот. Се додава и рузмаринот, убаво се меша и се остава 2-3 часа да одстои.
Парчињата риба се свалкуваат во пченкарно брашно и се пржат на врел зејтин.
Магдоносот се мие и се сецка на поситно. Се исцедува лимонот, се додава сол и зејтин и убаво се промешува. Кон зачинетиот магдонос се додава павлаката, убаво се меша и се добива прекрасен сос кој одлично оди со рибата.