Похувана риба со компир салата (посно)
Состојки
- 4 филети ослич
- 200мл. пиво
- брашно по потреба
- рузмарин,магданос,сол,м.зачин,бибер,масло за пржење
- прилог
- 1кг. компири
- 2-3 кромида
- 2-3 лажици балзамико оцет или по желба
- 50 мл. масло
- бибер и сол
Подготовка
Пивото сипете го подлабок сад бидејки кога ќе ја ставите солта ќе запени. Мешајќи додавајте го брашното за да добиете погуста смеса од палачинки (секогаш може да додавате од пивото или брашното за да ја добиете посакуваната густина).
Во оваа смеса додадате го ситно сецканиот рузмарин, магдонос и зачините.
Секое парче филета провалкајте ја во смесата и пржете во добро загреано масло.
Доколку не постите во смесата може да додадете и две јајца.
Прилог
Варениот компир исецкајте го на парчиња по желба заедно со кромидот. Додадете му сол и бибер, попарете го со врело масло и додадете му две-три лажици балзамико оцет.
Идеален ручек за посните денови.
Добар апетит!!!