Испечати

Видео рецепт: Рустична пита со шери домати и бешамел

Видео рецепт: Рустична пита со шери домати и бешамел

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 300 гр. брашно
  • 200 мл. млеко
  • 2 лажици павлака за готвење
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • За БЕШАМЕЛ ќе ви треба:
  • 25 гр. путер
  • 25 гр. брашно
  • 150 мл. млеко
  • 100 мл. павлака за готвење
  • една рака рендан пармезан
  • Ќе ви треба и:
  • 500 гр. шери домати
  • 2 чешниња лук
  • маслиново масло
  • сол и бибер

Фичо ќе подготви еден од најпопуларните рецепти на Катерина, Рустична пита, или како што таа ја нарекува торта со шери домати и бешамел.

Подготовка

Чекор 1: Во еден сад замесете го тестото. Оставете го да одмори 30ина минути.

Чекор 2: Додека тестото одмара, шери доматите исецкајте ги на половина и динстајте ги во тава со маслиново масло додека не испари течноста. Зачинате со сол и бибер и додадете го лукчето ситно исецкано.

Чекор 3: Во Касеролата ставете го путерот. Кога ќе ја промени бојата додадете го брашното, запржете го и додадете го млекото и павлаката за готвење. Додадете една рака рендан пармезан и сол и бибер. Промешајте убаво да се соедини и тргнете на страна.

Чекор 4: Тестото расукајте го во димензии за тавата, но краевите да висат надвор. Врз тестото нанесете го првиот слој од шери домати, потоа бешамелот и преклопете ги краевите.

Чекор 5: Печете 25 минути на 200 степени.

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: Ако немате шери домати, може да ја подготвите со обични домати исечкани на парчиња.