Џигер во марамица
Состојки
- 1 кг свински џигер(црн)
- 1 чаша(200мл.)бело вино
- свинска марамица
- сол,бибер,мешан зачин
Подготовка
Џигерот го сечеме на тенки кришки посолуваме зачинуваме со мешан зачин и бибер.
Секое парче џигер го мотуваме во свинската марамица и ги редиме во големата ростер тава премачкана со малку масло.
Пред печење налеваме една чаша вино и покриваме со фолија.
Печеме половина час на 200степени.
Добар апетит!!!