Испечати

Колач со мармалад и ореви (посно) (без миксер)

Колач со мармалад и ореви (посно) (без миксер)

Состојки

  • 2 филџана( од 120мл)масло
  • 4 лажици мармалад
  • 2 филџана ореви
  • 1 пециво
  • 5 филџана брашно
  • 4 филџана шеќер
  • 5 филџана млака вода
  • 2 филџана гриз
  • 1 рендана јаболка
  • 1/2 лимон(сок)

Подготовка

Во млака вода се раствара шеќерот, се додава маслото, лимонот, џемот и се додаваат сите суви состојки брашното, гриз, пециво, јаболкото и на крај оревите. Се меша со лажица и се сипува во подмачкано тавче бр. 30 посолено со брашно.
Се остава да отстои 1 час и потоа се пече на 150 степени околу 45 мин.
Кога колачот ќе ни се испече го наросуваме со шеќер во прав.
Добар апетит!!!