Палачинки со костеново брашно
Состојки
- 200 гр костеново брашно
- 200 мл млеко
- 300 мл вода
- 6 лажици пченично брашно
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици шеќер
- 5 јајца
- 1 чајно лажиче прашок за печиво
Подготовка
Измешајте го костеновото брашно со млекото и водата. Додадете ги двата вида шеќер и пецивото и на крај додадете го постепено додека мешате со жица за матење и пченичното брашно. На крај вмешајте ги јајцата. Оставете го да одмори најмалку 15 минути, при што повремено ќе го мешате. Смесата не смее да е многу ретка, но доколку сметате дека е потребно и можите да направите потенки палачинки, додадете уште вода спрема потребите.
Пржете ги палачинките со по едно лажиче масло за секоја палачинка.