Крувчиња (посно)
Состојки
- 150гр посни мелени бисквити
- 100гр мелени ореви
- 2 лажици какао
- 100гр шеќер во прав
- 125гр маргарин
- за украсување
- 100гр чоколадо
- 3 лажици масло
Подготовка
Овој рецепт е стар повеке од 30 години. Мајка ми овие крувчиња ги правеше задолжително на родендени за гости, а ние дома ги обожававме. Одозгора обавезно ставаше зелени свежи ливчиња и беа ептен декоративни. Јас им ставив бели и црни чоколадни плочки бидејки неможев да најдам од таа зеленика што таа ја користеше (со тврди ливчиња )
Се месат сите состојки да се добие убава мазна смеса и се формираат крувчиња, се ставаат малку во замрзувач, па над секое крувче им се става по малку стопено чоколадо.