Колач со џем од кајсии и цимет
Состојки
- Кора
- 600 гр брашно
- 600 гр шеќер
- 600 мл млеко
- 2 лажички цимет
- 1 лажичка сода бикарбона
- 2 лажици мармалад од кајсии
- Фил
- по потреба мармалад од кајсии
- Глазура
- 3 реда чоколадо од 100гр
- 3 лажици масло
Подготовка
1. Брашното се меша со шеќерот и со циметот, потоа се додава содата.
2. Во смесата се додаваат млекото и мармаладот и добро се маша.
3. Смесата се истура во плех обложен со хартија за печење и се пече во загреана рерна на 180 степени.
4. Готовата кора се остава да се подизлади, а потоа се филува со мармалад од кајсии.
5. Чоколадот се растопува на водена пареа со малку масло и се прелива врз колачот.
Наместо мармалад од кајсии може да се искористи мармалад од сливи.