Испечати

Банана кафе смути фрапе

Банана кафе смути фрапе

Состојки

  • 2 помали замрзнати банани
  • 1 мало готово еспресо кафе - окулу 50 гр
  • 120 мл млеко -по желба и можност кокосово млеко
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажица мелен бадем
  • 1 мало лажиче мед или кафеав шеќер по желба
  • 2 -3 коцки мраз по потреба

Подготовка

Одлична и здрава комбинација на вкусови за љубителите на утринско кафе...Посебно за оние како мене кои не можат да пијат чисто кафе,ова ви доаѓа како 2 во 1 или појадок и кафе во исто време хехе
Прво во кафемат за еспресо го припремаме еспресото и потоа сите состојки заедно со замрзнатата банана ги ставаме во блендер....додаваме коцки мраз по потреба доколку сакате да добиете поладно и потечно смути...доколку не ви е благо додадете мед или шеќер ... секој си има свој вкус така да и состојките кај секого варираат.
На здравје