Аристократско смути
Состојки
- 1 цвекло
- 1 рака аронија
- 1 рака боровинки
- 1 рака црвена рибизла
- 1 рака малини
- 1 рака лешници
- 1 рака суво црно грозје
- 1 круша
- 1 рака гоџи бобинки
- 1 лажичка чиа семе
- 100-150 мл вода
Подготовка
Малку побогато и посодржително смути од вообичаените што ги правиме секојдневно.
Подготовка
Цвеклото го лупиме, а на крушата и ги отстрануваме семките и дршката. Сите состојки ги ставаме во Нутрибулет и мелеме до соединување, неколку десетици секунди. Доставете си вода по потреба и желба.
Количините на состојки се по желба. Оваа количина е за 3-4 чаши смути, зависи и од големината на цвеклото и крушата. Користете ја големата чашка од Нутрибулетот или поделете ги состојките. Заблажете го по желба и вкус со агаве сируп или мед.
Кога пишувам една рака, не мислам на полна рака состојки, туку произволно полнење на раката.