Шумско смути
Состојки
- 1-2 киви
- 1 рака боровинки
- 1 рака капини
- 1 рака црвена рибизла
- 1 рака сушено бело грозје
- 1 рака непечени и нелупени лешници
- 1 лажица мед
- 60 мл вода
Подготовка
Кивито го лупиме, а шумското овошје го миеме. Сите состојки ги ставаме во нутрибулет и мелеме до соединување.
Шумското овошје ми е замрзнато, ама тоа не претставува пречка за мелење во Нутрибулетот.
Мед ставам заради тоа што маливе деца сакаат поблаго да и им биде, инаку не мора, за мене лично е убаво и свежо и без засладувач