Смути тропикана
Состојки
- 1 1/2 банана
- 1 1/2 портокал
- 1 голема лажица кокос
- 1 голема лажица чиа семе
- 6-7 големи лажици растително млеко
- малку екстракт од ванила
- по желба мед или некој друг засладувач
Подготовка
Семето од чиа се става во една чаша и му се додава млекото и ванилата, се остава 10-ина минути, готовото семе се става на дното од чашата во која што ќе се сервира смутито.
Горниот дел се спрема од блендирана банана на која што и се додава сокот од портокал и кокосот, ако сакате може да се додаде и некој засладувач.