Имуно смути со банана, круша и вишни

Состојки
- 1 банана
 - 1 круша
 - 1 рака вишни
 - 5-10 зрна аронија
 - 2 лажици мешавина од семки (сончоглед, тиква, лен и интегрален сусам)
 - 2 лажици маџунов сок
 - 150мл вода
 
Подготовка
Ова смути е одлично за подобрување на имунитетот.
Во поголемата чашка од Нутрибулетот ставете ја бананата, вишните(во мојот случај замрзнати), аронијата, четирите вида семки, водата и маџуновиот сок. Сето тоа се блендира кратко додека не се добие хомогена смеса.
 Ова е доза за две чаши.
 На здравје!