Руска супа од кисела зелка
Состојки
- 1 кг телешко месо
- 500 гр кисела зелка
- 3 компир
- 2 главици кромид
- 2 морков
- 2 домати
- пола китка магдонос
- по вкус ловоров лист, бибер во зрно и сол
Подготовка
1. Месото се вари околу еден саат заедно со неколку ливчиња лаворов лист и црн пипер во зрно.
2. Потоа се додаваат сецканата кисела зелка и сецканите на коцки компири и домати. Сето тоа заедно се вари околу 20тина минути.
3. Ренданиот морков и сецканиот кромид заедно се пржат и се додаваат во супата. И така се вари уште 10тина минути.
4. На крај се додава ситно сецканиот мадонос.