Намаз од кикиритки и чоколада
Состојки
- 300 гр. печени кикиритки(подобра опција е да купите од оние не солените и лупените)
- 100 - 150 гр. чоколадо за готвење
- 4 лажици зејтин (може и замена со путер или маргарин секако не повеќе од 1-2 лаж.)
- по вкус сол на врв на ножот
- 2-3 лажици зејтин
Подготовка
Чоколадата ја топиме на пареа со 2-3 лажици зејтин. Кикиритките ги ставаме во сецкото и ги мелиме најситно што можеме. Се додава 4 лажици зејтин и пак се вклучува сецкото, да се соединат кикиритките и зејтинот. Се додава сол, но и не мора ако се посолени кикиритките и чоколадата. Пак го вклучуваме сецкото пак да се соедини смесата. Се сервира. Украсуваме со чоколаден прелив.