Колач со урда, портокал, помело и брусница
Состојки
- 125 гр путер/маргарин
- 250 гр несолена урда
- 200 гр шеќер во прав
- 5 јајца
- 200 гр брашно
- 1 прашок за печиво
- 1 лажица узо
- 30 гр кандирано помело
- 30 гр сува брусница
- 1 портокал (сок и кора)
Подготовка
Путерот растопете го. Урдата и шеќерот матете ги со миксер, па откако ќе се растопи шеќерот, поченете да ги додавате јајцата едно по едно, при што секое ќе го миксирате околу половина минута до додавањето на другото.
Потоа додадете ја ренданата кора и сокот од портокалот, растопениот путер, узото и ванилиниот шеќер. На крај додадете ги брашното и пецивото. Со лажица или шпатула вмешајте ги брусницата и помелото исецкано на помали коцкички.
Ставете во намастен и побрашнет калап за куглоф или пак во помали силиконски калапчиња и печете околу 45 мин на 180С.
Изладен можи да го прелиете со чоколадна глазура или да го посипите со шеќер во прав