Полнети урми со крем сирење

Состојки
- 15 урми со семка
 - За полнење
 - 100 гр крем сирење или маскарпоне
 - 50 гр шеќер во прав
 - 1/4 лажиче цимет
 - неколку капки арома од рум или ванила
 - За декорација
 - по потреба јатки од ореви, бадеми, лешници, фстаци и сл.
 
Подготовка
Брз, едноставен и вкусен десерт!
 Урмите засечете ги на половина и извадете ги семките. Малку раширете ги но внимавајте да не ги преполовите, да останат цели.
 Во чинија со лажица измешајте ги да се изедначат сирењето со шеќерот во прав, циметот и румот.
 Ставете ги во готварски шприц и наполнете ги урмите.
 Одозгора ставете јатки од сувото овошје кое ќе го изберите.
 Пред да ги послужите најдобро е да ги оставите во фрижидер околу 2 часа да се спојат вкусовите.