Крем супа од зеленчук со јаболка
Состојки
- 1кг тиква
- 2 парчиња кромид
- 2 јаболка
- 4 моркови
- 4 компири
- 150 мл масло
- 1 чаша павлака
- 1,5 литри вода зачинета со мешан зачин
Подготовка
Тиквата се лупи и се сече на коцки.
Кромидот се лупи и се сечка.
Морковот се лупи и тој на коцки се сецка.
Јаболката лупени и сецкани.
Компирот лупен и тој на коцки пресечен.
Сето ова се пржи на маслото полека додавајќи едно по едно.
Кога ќе омекнат малку се додава водата зачинета со мешан зачин.
Се остава да се варат.
Кога е се варено, се додава павлаката и се остава да повари уште 20 минути.
Се се пасира,па се зачинува со морко оревче, магдонос,црн бибер и сол.
Во ова крем супа по своја желба може да додадете и колбаси.
Јас не го сторив тоа.
Сметав дека е доволен овој микс на вкусови.
На здравје