Овошен смути со лешници
Состојки
- 4 круши
- 2 банани
- 3 чаши сок од ананас
- 30 гр лешници
- 6 лажици овесни снегулки
Подготовка
Невообичаено вкусен и корисен пијалок. Пробајте го :)
1. Лешниците се мелат, а бананите и крушите се лупат и се сецкаат.
2. Сите состојки се блендираат.
Наместо сок од ананас може да се стави сок од праска. Наместо овесни снегулки може да се користи други житарици.