Пилешка салата
Состојки
- 500 гр. копани
- 500гр. стек
- 3 поголеми корнишони
- 1 тегла шампињони
- 150 гр. ореви
- 1 кг. павлака
Подготовка
Копаните ги одмрзнуваме, ги миеме и ги ставаме да се варат заедно со стекот. Потоа во голем сад ги кинеме со рака на ситни парчиња, ги додаваме исецканите крнишони претходно истискани за да не пуштат вода, исецканите шампињони, исецканите ореви, На крај се додава павлаката и солта и се промешува. Се става во фрижидер да се излади малку. Потоа се сервира и спремна е за јадење.