Испечати

Орео кекси

Орео кекси

Состојки

  • за тесто
  • 220гр путер или маргарин
  • 150гр шеќер во прав
  • 90 гр квалитетно црно какао
  • 1 јајце
  • 200гр брашно
  • малку сол
  • малку сода бикарбона
  • неколку капки црна прехрамбена боја(по желба)
  • за фил
  • 6 лажици путер или маргарин
  • 150гр бело чоколадо
  • 2 лажици слатка павлака
  • 80гр шеќер во прав

Подготовка

Еве една моја верзија на орео кексите, многу вкусни со млечен фил богат вкус на бело чоколадо, многу сличен на оригинал орео.
Се мешат сувите состојки, потоа се додава путерот исецкан на коцки и се меси со рака. Се додава и јајцето, се меси мазно тесто се витка во фолија и се става во фрижидер најмалку 1 час, а најмногу 3 дена. Потоа на набрашнета површина се сучи многу тенка кора, со калап се вадат кругови и се редат на плех обложен со мрсна хартија. Се печат на 170 степени 12 минути. Се оставаат да се изладат на собна температура.
фил:
Се мати пенасто путерот, се додава 2 лажици слатка павлака, шеќерот и на крај стопеното и изладено бело чоколадо. Со помош на шприц се филоваат кексите.
Од оваа доза излегуваат околу 40 парчиња орео кекси.