Мармалад од црвена рибизла
Состојки
- 1 кг црвена рибизла
- 800 г шеќер
- 100 мл вода
Подготовка
1. Рибизлата измијте ја убаво и ставете ја во сад за варење и прелијте ја со водата.
2. Откако ќе зоврие рибизлата, додајте го шеќерот.
3. Варете ја со мешање на тивок оган околу 1.5 до 2 часа додека не се згустне.
Послужете се во зимските денови со ароматичен чај :)