Испечати

Смути со јаболко и вишни

Смути со јаболко и вишни

Состојки

  • 2 јаболки излупени
  • 100 гр. вишни
  • 2 круши
  • 50-100 гр. вода

Подготовка

Јаболката и крушите се секцаат на ситно, се додаваат вишните и се додава водата зависно од густината која сакате да ја постигнете. Јас ставив помалку, но после 5-10 минути се згуснува многу, а бидејќи го пијам бавно ќе си го правам со повеќе вода.На здравје.