Испечати

Посни парени колачиња со мармалад

Посни парени колачиња со мармалад

Состојки

  • 200мл. масло
  • 250мл. пиво
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица шеќер
  • 100гр. гриз
  • 600-700гр. брашно
  • мармалад за полнење или ореви
  • шербет
  • 800гр. шеќер
  • 700гр. вода
  • мелени ореви или кокос за посипување околу 150 до 200гр.

Подготовка

Замесуваме тесто од зејтинот, пивото, гризот, ванилатаи брашното помешано со пецивото. Од тестото се зема во рака и се обликуваа топчиња кои се полнат со оревчиња или мармалад се редат на подмачкан плех. Колачите се печат на 200 степени половина час

Шеќерот се налева со водата и се става да врие 5минути, а потоа се трга и се попаруваат ладните колачи. Откако убаво ќе го впијат шербетот се валкаат во кокос или ореви.
Посни убави колачиња за мене едни од најубавите!!!