Таратур со фета и павлака
Состојки
- 250 гр. фета
- 250 гр. кисела павлака
- 1 свежа краставица или неколку кисели
- 2 -3 лажици маслиново масло
- малку сол копар и бибер
Подготовка
Краставицата ја рендаме и ја посолуваме малку, оставаме да пушти вода и ја цедиме. Потоа го додаваме маслиновото масло, копарот и фетата која ја дробиме со вилушка убаво, промешуваме и ја додаваме павлаката, убаво промешуваме и одозгора малку бибер.