Чоколадни колачи - мус ( само со 2 состојки )
Состојки
- 200 гр темно чоколадо 70 %
- 200 гр кисела павлака ( креме фреш )
- Декорација
- какао, шеќер во прав , малини
Подготовка
Брзи, лесни, без печење, без миксер и матење.
1. Се топи чоколадото на пареа и се меша веднаш со павлака, убаво да се измеша.
2. Се истура смесата во плех и се става во фрижидер дури да се здрви.
3. Се сече на помали коцки, се поросуват со какао, се ставаат малини и се поросуват со шеќер во прав.