Видео рецепт: Босански урмашици
Состојки
- За ТЕСТОТО ќе ви треба:
- 250 гр. путер
- 2 јајца
- 125 гр. кисело млеко
- 500 гр. брашно
- За ШЕРБЕТ ќе ви треба:
- 400 гр. шеќер
- 200 мл. вода
- малку ванила арома
- сок од еден лимон
Фичо ќе подготви еден од најпопуларните рецепти на Надица, парени колачи со шербет, познати како урмашици.
Подготовка
Чекор 1: Во сад за матење ставете ги путерот и јајцата. Изматете ги убаво со миксер. Додајте го киселото млеко и брашното и продолжете да месите со рака додека не добиете лепливо тесто.
Чекор 2: Колачињата правете ги во големина по желба, притиснете ги на ренде за да се добие шарата и редете ги во тавата за печење. Печете 15 минути на 200 степени.
Чекор 3: Состојките за шербет ставете ги во сад на оган да провријат. Се полеваат топли урмашици со топол шербет.
Чекор 4: Оставете неколку часа да се впие шербетот, со повремено превртување. Сервирајте!
СОВЕТ: Ако не можете шарата да ја направите со ренде, направете ја со ноже или кујнски ножици.