Бисквити со овесни снегулки, кокос и мед
Состојки
- 125 гр путер
- 150 гр брашно
- 130 гр кафен шеќер
- 100 гр овесни снегулки
- 80 гр кокосово брашно
- 2 супени лажици мед
- 1 кафена лажица сода бикарбона
Подготовка
Едноставни, а многу вкусни колачиња.
Се става путерот и медот во едно тенџере и се става на оган околу 3 минути додека смесата не стане хомогена.
Во сад се става сода бикарбона со две супени лажици врела вода, потоа се додава смесата од путер и мед и се заедно се меша со сувите состојки. Со помош на супена лажица (или со раце) се прават топчиња и се редат на хартија и малку се нагмечуваат.
Се печат во загреана рерна на 150 степени околу 20 минути.