Испечати

Брзи облачиња

Брзи облачиња

Состојки

  • 2 чаши брашно
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 2 лажици кисело млеко (може и јогурт)
  • 1 лажиче кисела вода
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце

Подготовка

1. Во длабок сад се замесува тесто од сите состојки.
Треба да се добие тесто за сучење (доколку е мн.течно ќе си додадете брашно, ако е суво малку кисело млеко или кисела вода, сеедно).
2. Тестото се сука како лист хартија.
3. Се сечат форми по желба, (може округли со чаша, со некои форми или едноставно со нож произволни)
4. Се пржат на загреано масло.

На здравје! ^_^