Овошна торта со слатка павлака и вишни
Состојки
- 600гр бисквити
- 1 литар слатка павлака
- 14 лажици шеќер
- 100 мл млеко за потопување
- 200-300гр вишни од замрзнувач може и компот
Подготовка
Слатката павлака изматете ја заедно со шеќерот. Во плех или чинија за торта наредете ред бисквити претходно потопени со млеко. Премачкајте со слатка павлака, па одозгора ставете вишни. Постапката повторете ја се додека имате бискавити,слатка павлака и вишни. Во остатокот од слатката павлака ставете малку прехрамбена боја во прав и матете па декорирајте по желба.