Полнет солен венец
Состојки
- Тесто
- 350гр. брашно
- 1/4 коцка свеж квасец
- 1 белка
- 150мл. млеко
- 50гр. путер
- 1/2 лажичка сол
- прстофат шеќер
- Полнење
- 1 тиквичка
- 200гр. моцарела од Бафало(бивол) може и обична
- 1/2 лажичка куркума
- За премачкување
- 1 жолчка
- За посипување сусам и ленено семе
Подготовка
Од состојките за тесто замесете средно меко тесто и оставете го да стаса.
Потоа расукајте го во правоаголна кора.
На едната половина од кората нанесете ја ренданата тиквичка, парчињата моцарела и куркумата.
Другиот дел од кората расечете го вертикално на ленти.
Завиткајте ја кората во ролат почнувајќи од делот каде се тиквичките и моцарелата.
Завитканиот ролат ставете го во калап за куглоф, премачкајте со разматена жолчка и посипете со сусам и ленено семе.
Печете на 200 степени, 25-30 минути.