Намаз од шампињони
Состојки
- 400 гр шампињони
- 50 гр путер
- 2 лажици кечап
- 5 лажици мајонез
- 3 лажици павлака
- 5 чешниња лук
- 1 голема главица кромид
- 3 гранчиња магдонос
- по вкус сол и црн пипер
Подготовка
1. Шампињоните ситни изрендајте ги. Лукот и кромидот ситно исечкајте ги, потоа се заедно издинстајте на путерот додека не испари течноста која ја испуштија шампињоните.
2. Смесата иситнете во блендер и изладете ја. Во изладената смеса додадете ги мајонезот, кечапот, павлаката, магдоносот и зачинете по вкус.
Доколку сакате да има поизразен вкус од лукот во намазот, наместо издинстање можете само да изблендирајте со другите состојки)