Салата од зелени домати - 2
Состојки
- 4 кгр. домати зелени
- 200 гр. сол
- 250 гр. шеќер
- 250 мл. оцет
- 250 мл. масло
- 4 глави лук
- на вкус копар
- на вкус магдонос
- на вкус бибер
Подготовка
Напишав дека е салата - 2, бидејки веќе имам еден поставено.
Лесна за приготвување.
- Измиените домати исечете ги на кргови или коцки - како сакате. Посипете ги со шеќерот и солта, измешајте и оставете да одлежат 2 часа. Додека стојат тие ќе пуштат многу сок, исцедете го целиот.
- Во исцедените домати додајте ги маслото, оцетот, копарот, магдоност, лукот, биберот во знра - измешајте и пак нека одстои 2 часа.
- Се полнат теглите со доматите, се заливаат со течноста која повторно ја пуштиле, затворете ставете ги во сад со вода. Нека вријат само 4-5 мин. сметајки откако почнале да вријат.